Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од францускиот гренд слем турнир Роланд Гарос поради повреда на зглобот.


Деветкратниот освојувач на титулата на Роланд Гарос повлекувањето го обелодени на вондредната пресконференција.

Во првите два мечеви на Роланд Гарос, Надал без загубен сет ги елиминираше Самуел Грот и Аргентинецот, Факунд Багниса, а во третото коло требаше силите да ги одмери со Марсело Гранолерс.

Со повлекувањето од понатамошните натпревари пропадна можноста за епско полуфинале меѓу најтрофејниот тенисер на земја Надал и најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

OhridNews