Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по пауза од неколку месеци поради повреда ќе се врати на теренот и тоа директно на Олимписките игри.
Надал, на ОИ во Рио ќе учествува во три натпреварувачки категории (сингл, двојки и мешани двојки) што ја покажува неговата желба за игра.
Партнер во двојки ќе му биде сонародникот Марк Лопез додека во мешани двојки ќе настапи со Гарбине Мугуруза.
30-годишниот тенисер има еден златен медал од Олимписките игри во Пекинг, а Олимпијадата во Лондон ја пропушти поради повреда.
Потврдата на Надал за учеството на ОИ во Рио е голема вест за тениските вљубеници, откако учеството го откажаа Вавринка, Рожер Федерер, Милош Раониќ, Доминик Тим и Томаш Бердих.
OhridNews