Англискиот премиерлигаш Ливерпул го презентираше Рагнер Клаван кој на Енфилд пристигна од германскиот бундеслигаш Аугзбург.
„Црвените“ за 30-годишниот дефанзивец инаку капитенот на естонската селекција платија 5 милиони евра оштета.
– Чест ми е да бидам дел од овој неверојатен клуб. Тешко е да го опишам моето чувство со зборови бидејќи од секогаш посакував да играм во Премиер лигата. – рече Клаван на презентацијата.
Естонскиот репрезентативец на грбот ќе го носи дресот со број 17. Клаван е петто вкупно засилување после Лорис Каријус, Жоел Матип, Садио Мане и Марко Грујиќ.
OhridNews