Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е пред промоција на нов селектор на фудбалската репрезентација на Велс. Гигс кој цела играчка кариера ја мина на Олд Трафорд се очекува да потпише четиригодишен договор и веднаш да биде промовиран.
Фудбалската федерација на Велс ќе рескира со ангажманот на Гигс како селектор, бидејќи прославениот фудбалер нема многу тренерско искуство. Во двете сезони на Луис ван Гал на Олд Трафорд му беше помошник, а претходно стручен асистент работеше во стручниот штаб на Дејвид Мојс.
Пред почетокот на сезоната Гигс се поврзуваше со неколку клубови, но одлучи со Пол Сколс исто легенда на Манчестер Јунајтед да работат во Виетнам.
Отказ во Велс после неуспешните квалификациите за Светското првенство во Русија доби Крис Колман кој пак сега работи во тимот на Сандерленд.
OhridNews