Рајан Мејсон не е повеќе во животна опасност, откако докторите успешно ја завршија операцијата на главата која беше хитно направена по тешката повреда со која се здоби фудбалерот на дуелот меѓу Челси и Хул.
25-годишниот фудбалер за врска во една од болниците во Лондон примен беше со скршеница на черепот и крварање во главата и во животна опасност. Ден по страотната несреќа Мејсон е стабилен и за 3-4 денови ќе ја напушти болницата каде беше згрижен.
Мејсон по сударот со дефанзивецот на Челси, Гери Кејхил остана да лежи на теренот. Клупскиот докторски тим на Хул заедно со од Челси му пружија прва помош на Мејсон, а потоа фудбалерот беше пренесен на болница.
Клубот преку соопштение им се заблагодари на докторите и на сите кои упатија поддршка за Мејсон кој за среќа се извлече од најлошото.
OhridNews