Во улога на горди домаќини,  кои веднаш ќе ве дочекаат  штом зачекорите кон манастирскиот комплекс  „Св. Наум“ се пауните, кои годинава ги има во поголем број.


Спокојно и грациозно шетајќи меѓу посетителите, пленат со својата убавина и богата палета на бои кои ги красат.


Овие рајски птици се симбол на христијанството.  Живеат меѓу 20 и 30 години, а се парат во перидот од април до мај, а јајцата ги лежат во јуни. Женката снесува од  5 до 7  јајца, но малку млади пауни преживуваат.

OhridNews