На 8-ми јули кај Долна Порта ќе се одржи првиот „Ракија базар“ во Охрид во организација на здружението Македонски Дестилерии.

На фестивалот ќе земат учество преку 25 семејни дестилерии со преку 50 етикети на квалитетни ракии, вињаци, ликери… Сите излагачи- дестилерии се регистрирани во регистерот на производители.

Со оглед дека голем дел од дестилериите се и регистрирани семејни винарии предвидена е дегустација и на вина.

„Ракија базарот“ ќе започне во 16 часот.

OhridNews