143 литри домашна ракија и 7 штеки цигари, откриени се при контрола на повеќе малопродажни и угостителски објекти во Охрид, Струга, Прилеп и Битола.

Контролата била извршена од страна на повеќе тимови од Царинарница Битола, при што во три одделни случаи, кај правни лица во Прилеп и Струга, се пронајдени акцизни производи кои воопшто не биле означени со контролни марки, ниту поседувале било каков сертификат за квалитет, а се нуделе на продажба.

Против прекршителите Царинската управа започна соодветни постапки.

OhridNews