Фудбалерите на Барселона со две победи во осминафиналето над Манчестер Сити обезбедија пласман во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони.
– И играчите на Манчестер Сити уживаа во нашата игра на Ноу Камп. Сега треба добро да се одмориме по ова што направивме и да се подготвиме за новите предизвици. – рече стрелецот на голот Иван Ракитиќ и додаде. – Нивниот голман ги спаси од дебакл и искрено му честитам за неговите перформанси. Сити беше опасен во нападот, но ние ги заправме со пресинг, а во составот го имавме и Лионел Меси, кој беше неверојатен.
По пласманот во осумте најдобри Барселона викендов ја очекува пресметка со Реал Мадрид во натпревар кој може да одлучи за титулата во шпанската Примера.
Мх.П.