Во последните неколку недели екипата на Барселона претрпе промени во клубот по што тргна на добро работата на Ноу Камп.


После поразот од Реал Сосиедад на стартот од новата година „каталонците“ имаат 11 победи по ред во сите натпреварувања.

– Во еден момент се` се промени на позитивно, но во еден момент може тоа и да се смени. Сега уживам во моите моменти во Барселона и воопшто не ни беше лесно кога минивувавме низ кризата – рече Иван Ракитиќ.

Хрватскиот репрезентативец пред стартот на сезоната од Севиља се пресели на Ноу Камп и го зазеде местото на Чави.

– Играм на друга позиција, но мене ми е важно да бидам во корист од екипата и личната статистика не ме интересира – потенцираше Ракитиќ и додаде. – Меси е единствен и никогаш нема никој да биде како него. Нејмар има се да биде негов наследни, а Дани Алвес е играч, кој секој тренер би го посакал во својата екипа.

Ohridnews