Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ го одигра второ „Ел Класико“ во својата кариера и се радуваше на првата победа откако Барселона славеше со 2-1 над Реал Мадрид.
За разлика од првото кога влезе од клупата, во второто мечот го започна, а во 76-та минута со громогласен аплауз беше испратен по замената со Серхио Бускетц.
– Кореографијата која нашите навивачи ја направија беше нешто посебно и неверојатно. Во Германија видов се и сешто, но ова не се опишува со зборови и никогаш нема да го заборавам. – рече Ракитиќ.
По триумфот во дербито каталонците се одлепија на четири бодови од Реал Мадрид на табелата.
– Победата и трите бодови се од големо значење во борбата за титулата во Шпанија. Меѓутоа, мора да бидеме реални и цврсто да останиме на земја. Се уште немаме ништо освоено и до крајот мора да останаме фокусирани како што бевме за овој натпревар. – истакна Ракитиќ.
Мх.П.