Охридскиот ракометен клуб, четврти пат во серија има свој претставник во иделаниот тим на колото одбран од специјализираната интернет страна за ракомет „24ракомет“. Место во најдобрата седумка обезбеди хрватскиот интернационалец Денис Тот.

24-годишниот десен бек три од своите четири погодоци ги постигна во второто полувреме кога Охрид го презеде водството и задржа до крајот на натпреварот. Тот полека но сигурно влегува во форма и допрва треба да биде една од ударните угли во нападот.

Охриѓани се констатно застапени во изборот на најдобрите во Супер лигата. Во минатиот избор Крсте Андоновски беше прогласен за најдобар ракометар во 4-та рунда а Бобан Блажески ја зазеде десната крилна позиција.

Победите и признанијата треба да бидат мотив плус за охридските „гладијатори“ кои целат на високите места на табелата во Супер лигата.

Тимот на колото:

Голман: Бобан Ристевски (Пелистер)

Лево крило: Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)

Лев бек: Стефан Талевски (Пелистер)

Среден бек: Ивица Илиев (Радовиш)

Десен бек: Денис Тот (Охрид)

Десно крило: Реваз Чантурија (Металург)

Пивот: Лука Вујовиќ (Металург)

OhridNews