Македонската ракометна репрезентација која на Европското првенство во Србија го освои петтото место и со овој пласман си обезбеди учество во квалификациите за Олимписките игри во Лондон попладнево од неколку стотини граѓани беше пречекана на граничниот премин Табановце.
Македонските ракометари ги пречекаа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на Царинската управа Ванчо Каргов. Ракометните репрезентативци на Македонија денеска свечено ќе бидат пречекани на повеќе локации во Скопје, а централната прослава ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, каде ќе присуствува и премиерот Никола Груевски.
Тој најави дека Владата ќе ги награди, за што денеска ќе се одлучи на владина седница. – Ние сега ќе имаме седница на Влада и имам во план да предложам на Владата да донесе одлука за наградување на ракометарите, рече премиерот Груевски, посочувајќи оти износот дополнително ќе биде соопштен по седницата.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com