Во рамки на шестото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид денес ја пречекуваат екипата на Бутел.
Ни доаѓа екипата на Бутел, една млада екипа која многу трча и игра модерен ракомет. Сметам дека мора максимално да влеземе фокусирани од почетокот на натпреварот и да славиме победа пред домашната публика и Рибарите, вели десното крило на ГРК Охрид, Наум Костов.
По успешниот пласман во Ф4 турнирот од Купот на Македонија се враќаме на плеј-офот каде ни гостува екипата на Бутел. Победивме во Скопје се надевам дека ќе победиме и на домашен терен, вели средниот бек на ГРК Охрид, Ловро Јотиќ.
Натпреварот се игра со почеток во 19 часот во салата „Билјанини извори“.
OhridNews