Охриѓани во неизвесен натпревар до самиот финиш го претпреа вториот пораз во новата  сезоната 25-23 (10-10) од Ѓорче Петров. Ракометарите на Охрид во последниот квартал од мечот не успеаа да ја задржат стекната предност од 21-19. Во таборот на охриѓани најпрецизен беше Николски со седум голови  додека Трифуноски и Бабачев постигнаа по пет.

 

“Белите“ во наредното 4-то коло на домашен терен ја пречекуваат втората екипа на МРК Ѓорче Петров.

Мх.П.