Ракометарите на Охрид утре го играат реванш натпреварот во финалето од ЕХФ Европскиот куп против екипата на Татабања. По победата со гол разлика во првиот натпревар, ракометарите се надеваат на европскиот трофеј.

  • Во недела не очекува реваншот против Татабања, во последниот и најважен натпревар за нас оваа година. Сите знаеме за каков противник станува збор. Тие се навистина силна екипа и уште од самиот почеток на ова натпреварување се фаворити. Ние повторно добро ќе се подготвиме, повторно ќе го дадеме својот максимум и се надевам дека со голема поддршка од нашата публика и фер навивање можеме да успееме да испишеме историја за ГРК Охрид, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан.

  • Подготвени сме максимално, ќе се бориме за Охрид, заедно да испишеме историја за клубот!, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Косуке Јасухира.

За љубителите на ракометот се подготвува и фан зона каде ќе се следи натпреварот во живо на лед екран, а за забавата ќе се погрижи диџеј Фејс.

Реваншот е закажан утре со почеток во 20 часот во СРЦ „Билјанини извори“, а ракометарите на ГРК Охрид ќе играат пред полни трибини откако сите билети беа продадени за нецели 15 минути.

OhridNews