Македонската ракометна репрезентација сабајлево отпатува во Хрватска каде од утре започнува 13-от собирот на најдобрите ракометари од стариот континент.

„Црвено жолтите“ својот прв натпревар го играат в сабота со почеток во 19 часот и 30 минути против Словенија, а потоа играат со Црна Гора во понеделник и со Германија во среда.

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес со себе понесе 19 ракометари, а од финалниот список отпаднаа голманот Мартин Томоски и Горан Крстевски.

За Македонија учеството во Хрватска ќе биде петто вкупно, четврто во серија, а најдобриот успех нашата најдобра репрезентација го оствари на ЕП во Србија завршувајќи на петтата позиција.

OhridNews