Ракометарите на Охрид максимално се подготвени за премиерниот меч на домашен терен во новата сезона во Супер лигата. Прв ривал на „гладијаторите“ на домашен терен ќе им новајлијата во суперлигашкото друштво Бутел од Скопје. Натпреварот се игра в сабота со почеток во 19 часот.

  • Иако е втор натпревар во новата сезона овој меч не само што е дерби, туку за нас преставува меч на сезоната. Со триумф на дуелот со Бутел широко ќе ни се отворат вратите за нешто повеќе оваа сезона. Без разлика на името на противникот во суперлигашките мечеви на домашен терен ќе атакуваме на победа. Единствен мал проблем во екипата е не воиграноста, но со тек на време и тоа ќе го комплетираме и Охрид ќе има квалитетна и пред се млада екипа. – изјави капитенот Крсте Андоновски.

Деби пред охриѓани в сабота ќе има и десниот бек Лазар Петровиќ кој е еден од новите засилување во охридскиот состав. – Немам зборови со кои можам да ја опишам атмосферата во екипата. Момците не само што ме прифатија, туку како млад ракометар ме советуваат. Многу ми кажуваат за охридската публика, а конечно ќе можам и да го осетам на своја кожа. На охриѓани можам да им ветам многу борба и пот на теренот.

Спортскиот директор Горан Недески најави стабилизирање на клубот за кој оваа сезона ќе биде една пресвртница.

– Го скративме буџетот за оваа сезона се со цел да го вратиме долгот од претходните и клубот да заплива во мирни води. Ќе го поддржам капитенот што кажа околу не воиграноста дека единствен проблем во екипата. Јас сум сигурен дека момците се задоволни од нашите услови и од нив како управа гордо да го носат охридскиот дрес. –  истакна Недески.

Натпреварот се игра в сабота со почеток во 19 часот, а цената на билетот изнесува 50 денари. Во првата рунда охридскиот ракометен клуб претрпе пораз на гостувањето кај Пролет, додека Бутел прокнижи три бодови победувајќи го Прилеп на домашен терен.

Мх.П.