Сеуште Ракометната федерација на Македонија не ја донесла одлуката за прекинатиот меч Охрид – Ринија, а охридските ракометари се пред нов предизвик во лигата. Во рамките на 9. коло охриѓани гостуваат кај Младост во Богданци.


Продолжување на победничката низа посакуваат “рибарите“ на мечот со Младост кој е директна пресметка за втората позиција . – Не очекува тешко гостување,но ние сме оптимисти.Со позитивен резултат ќе отпишеме еден од директните конкуренти за втората позиција и трката за влез во супелигата – вели капитенот на “сино-белите“ , Трифуноски.


Натпреварот се игра в сабота од 15 часот.

М.П.