Македонската ракометна репрезентација, на претстојниот квалификациски турнир во Гетеброг ќе патува како фаворит за освојување на едно од првите две места, кое ќе и донесе пласман на Олимписките игри во Лондон, што ќе биде остварување на соништата на оваа генерација.


Противници ракометарите на турнирот во Гетеборг, покрај домаќинот Шведска ќе уште Унгарија и Бразил.

Репрезентацијата, подготовките за овој значаен турнир ги започна во средата, од првиот собир отсуствувал капитенот Лазаров, голманот Ристовски и Митков, првите двајца на селекцијата ќе и се приклучат вечерва, додека еден од столбовите на одбраната, Митков, во Скопје ќе пристигне на 1. април.

Од првичниот списокот кој го објави селекторот, отпаднаа Митко Стоилов поради повреда и Милан Левов, кој е незадоволен од третманот кој го има во националниот тим.


„Искрено се надевам дека ќе оствариме позитивен исход и дека ќе се пласираме на Олимписките игри во Лондон“, рече предводникот на репрезентацијата, Шундовски.

Мислењето на селекторот го дели и Наумче Мојсоски од чија игра зависат многу нешта во репрезентацијата. Бекот на Металург, смета дека лондонската виза ќе треба да биде резервирана против Унгарија.


„Турнирот е најважниот во мојата кариера, ако ја победиме Унгарија, речиси сигурно ќе обезбедиме пласман на ОИ во Лондон.“

Предолимпискиот турнир во Гетеборг ќе се одигра од 6. до 8. април, формата за настапот во Гетеборг, репрезентативците ќе ја темпираат против Романија, со која на 1. и 2. април ќе одиграат пријателски натпревари.

“макфакс“
Ohridnews