Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ имаше фантастичен пречек во својот роден град Мостар по освојувањето на сребрениот медал со хрватската селекција на Европското првенство во Полска.
– Имав дочек во Загреб, па во Сплит, но искрено не очекував ваков и во мојот роден град. Ви благодарам од срце што секогаш сте со мене. – рече видно возбуден Карачиќ.
Илјадниците граѓани на Мостар со хрватски одбележја го пречекаа Карачиќ кој пак испрати поздрав од Марин Мариќ кој исто така е роден мостарец.
– Ви пренесувам поздрави од Марин кој поради клубските обврски не можеше да дојде во Мостар. Кога му кажав дека ќе има пречек во нашиот град тој ме прегрна и заплака. – додаде Карачиќ.
И средниот бек ќе нема многу време за одмор бидејќи со Вардар го очекуваат новите предизвици во Лигата на Шампиони и регионалната СЕХА лига.
OhridNews