Поранешниот репрезентативец на Србија, голманот на францускиот Аикс, Славиша Ѓукановиќ добил срцев удар на тренинг и неговата состојба е стабилна после борбата на лекарите за неговиот живот.
Ѓукановиќ во понеделникот бил на тренинг, кога му се слошило и веднаш бил хоспитализиран во Марсеј. Во вторникот лекарскиот тим се изборил за неговиот живот и пред него следува долг период за рехабилитација.
38-годишниот Ѓукановиќ по настапите во српските тимови во 2002 година доаѓа во Франција во тимот на Кавигал Ница, и останува во Франција во текот на целата кариера, настапувајќи во тимовите на Порт Норман, Жирондин Бордо, Сен Рафаел и од оваа година во Екс.
OhridNews