ГРК Охрид на 25 сприл ќе гостува во Целје, Словенија, каде ќе се одигра првиот натпревар од полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп.
За поддржувачите на ГРК Охрид предвидени се одреден број влезници, а ТА “Вис Пој” во соработка со клубот подготви атрактивна понуда.
Пакет аранжман кој предвидува автобуски превоз во двата правци, со едно ноќевање и карта за мечот ќе чини од 120 до 170 евра во зависност од сместувањето, соопштија организаторите.
За повеќе детали заинтересираните можат да се обратат во ТА “Вис Пој”.
OhridNews













