Исполнет до последното место е Ракометниот камп на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров кој ќе се одржи во две семени покрај брегот на Охридското езеро.

Капитенот на македонската репрезентација по четврти пат заедно со своите соработници кои се врвни имиња во македонскиот ракомет и светот несебично ќе го пренесат своето знаење на учесниците.

– Огромниот интерес од страна на децата како од Македонија така и од странство за неполни 30 дена ја потполни бројката на учесници во двете смени. Сите оние кои се пријавени ги известуваме да се водат според условите кои им се пренесени од страна на организаторот КМГ Спорт.  Ракометниот камп на капитенот Кирил Лазаров стартуваше во летото 2015-та, а оваа година ќе се одржи по четврти пат во прекрасниот Охрид, покрај брегот на Охридското езеро во две смени од 20 Јуни – 02 Јули со вкупно 300 учесници од Македонија и странство.  Се гледаме во Охрид ! – стои во соопштението.

Првата смена на кампот ќе се одржи од 20 до 26 јуни, додека втората смена од 26 јуни до 2 јули.

OhridNews