Во салата „Билјанини извори“ денеска гостува лидерот на табелата и актуелен првак Еурофарм Пелистер. „Гладијаторите“ најавуваат голема борба за бодовите кои се исклучително важни за двата тима.

По девет кола Пелистер е прв со 26 бода, Охрид, пред Вардар со 24, колку што на третата позиција има и Алкалоид кој има натпревар повеќе, а Охрид е четврти со 23 бода.

Потсетување за љубителите на ракометот дека вратите од спортската сала „Билјанини извори“ за натпреварот помеѓу ГРК Охрид и РК Е. Пелистер од 10 коло од плеј-офот, се отвараат во 17:30 часот, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натпреварот во 18:45 часот.

За деца до 8 години влезница не се наплаќа, соопшти ГРК Охрид.

Натпреварот почнува во 19 часот.

Г.М.