Македонската ракометна репрезентација утре околу 14 часот ќе пристигне на плоштадот “Македонија“. Експедицијата од Белград со автобус ќе тргне рано изутрина и околу 13 часот се очекува да биде на граничниот премин Табановце.

Традиционално, капитенот Кире Лазаров и останатите ракометари, заедно со стручниот штаб ќе минат низ Триумфалната порта и ќе ја споделат својата радост за освоеното петто место на ЕП во Србија со македонските фанови.

М.П.