Три од три на домашен терен за охридскиот ракометниот клуб кој во езерскотот дерби со 30-21 го совлада лутиот ривал. Пожртвуваната игра во првиот дел беше одлучувачкиот момент во триумфот на охриѓани кои со новата победа им се заблагодарија на “рибарите“.


– Задоволни сме од постигнатиот резултат
но сепак сметаме дека можевме да одиграме подобро, особено во второто
полувреме. Ако направиме анализа ќе видиме дека во првото полувреме
постигнавме 16 голови, а примивме 6, со што направивме разлика од 10
голови; и покрај тоа на полувреме во соблекувалните констатиравме дека и
тие 6, се многу примени голови од една екипа со таков квалитет. Второто
полувреме го одигравме многу несериозно, ние постигнавме 14 голови, а
му дозволивме на противникот да постигне дури 15 и наместо да ја
зголемиме разликата за уште 10 ние ја намаливме и на крај завршивме со 9
голови позитива. И тоа е голема разлика но сметаме дека на секој
натпревар без разлика на квалитетот на противникот треба да се даде
максимумот и да се победи и со 20 голови разлика
– вели Атанас Поп Стефанија, кој мечот го заврши со три постигнати гола.

Од клубот велат дека се изненадени од посетеноста , но посакуваат и апелираат ракометните мечеви да станаат и “фамилијарни“ натпревари каде публиката ќе може да доаѓа со своите деца , родители. – Бевме изненадени од големата посетеноста на последниот дерби натпревар и од одличната атмосфера која ја создадоа навивачите. Ги споделуваме емоциите и енергијата и ние со срце и до последен здив играме и ќе играме за нив и за Охрид. Се надеваме дека на следните натпревари ќе има се повеќе публика како дел од организираната навивачката група “Рибари“, а искрено посакуваме ракометните натпревари да бидат настани каде семејствата ќе поминуваат дел од своето слободно време во викендите и ќе го зацврстуваат спортскиот дух на младите.


Охриѓани си газат дома, но недостигаат победите на гостувањата, нешто што бара дополнителна анализа. – Се надеваме дека до крајот на сезоната ќе останеме непобедени на домашен терен без разлика кој ќе е нашиот противник. Натпреварите во гости на почетокот на оваа сезона не ни донесоа бодови, тоа е сериозен проблем за анализа на нашата екипа. Секако дека распоредот на натпреварите, односно лесните противници кои ги добивме дома и далеку поквалитетните екипи со кои играме во гости има удел во оваа ситуација. Мора подобро да се подготвиме за следните натпревари; веќе овој викенд имаме тешко гостување во Струмица на кое мора да ја надминеме психолошката бариера и да ја издвоиме првата победа во гости против одличната екипа на Зомимак – завршува Поп Стефанија.

М.П.