Ждрепката во Купот на Македонија сакаше во првата фаза да се сретнат лутите “езерски“ ривали Охрид и Струга. Датумот и местото на одигрување сеуште не е одреден, но тоа ќе биде нов ракометен спектакл за гледачите.

По формирањето на Ракометниот клуб Охрид 2011 “скриеното“ ривалство помеѓу двата града повторно се разбуди. Нивните натпревари се вистинско уживање и вистинска штета што се натпреваруваат во Првата, а не во Супер лигата.

На првата пресметка сезонава одиграна во салата “Нико Нестор“ славеа стружани, а уште еден дуел покрај оној во првенството, осигура ждрепката во Купот на Македонија.

Мх.П.