Ракометарите на Климент Охридски со пораз ја отворија новата сезона во прволигашкото друштво . Пред стотина гледачи во езерското дерби струшки Илинден поуспешен од охридските бели со 25-17. Стружани го контролираа резултатот од самиот почеток и по петнасетини минути игра имаа плус три .Следуваше игра гол за гол па на полувреметео се отиде со  9- 11.Вториот дел гостите го отворија со мини серија и се одлепија на присотојна предност 12-18 . Во моментите кога се кршеше резултатот следуваа серија промашувања на охригани ,а благодарение на расположениот голманот Костоски стружани го издржаа притискот и кога веќе домашните немаа снага го приведоа натпреварот до крај ,за убедлива победа во езерското дерби .
    Во наредното второ коло охригани гостуваат на Металруг Јуниор,додека Стружани на домашен терн играат против  Младост од Ресен .

Ракометарките на струшки Фон Универзитет во рамките од петто коло во првата женска ракометна лига го доживеаа вториот пораз сезонава .Со 36-22 беа поразени на гостувањето во салата Расадник кај Вардар Осигурување .По пет одиграни кола стружанки со три победи се наоѓаат на трето место. Во наредното коло во Нико Нестор играат против Амбалажа Кабран .

Новата кошараска сезона во женска конкуренција официјално започнува на 13 Октомври. Минатогодишниот финалист во плеј оффот екипата на Билјана 006 на отварањето на сезоната ке гостува во Битола на новакот во лигата Пелистер .На останатите натпревари  шампионот Вигор Скопје против Куманово , Гостивар – Младинец а слободна е екипата на Вод. Лисици .Некогашниот шампион и освојувач на купот струшки Кимико не пријави екипа за натпреварувањето .