Репрезентацијата на Данска е новиот олимписки шампион, откако во финалето ја совладаа Франција со 28-25. Доминацијата на “триколорите“ е прекината, по “падот“ на европското тло, тие го изгубија и олимпиското злато.
 
 
До првото злато на ОИ данците ги предводеше Микел Хансен со девет постигнати гола, кај Франција Гигу постигна шест.
 
Бронзениот медал го освои Германија која со 31:25 ја победи Полска во натпреварот за третото место.