Охриѓани се израдуваа на победа над Младост со 28-23, која секако останува во сенка на тоа што по тригодишна пауза ракометот се врати во Охрид. Новоформираниот РК Охрид 2011, ќе има за цел да го заживее овој спорт кој во годините наназад беше еден од најпопуларните во Охрид.


Најважно е дека ракометот се врати во Охрид, најважно е што се игра ракомет, а доста пријатно сме изненаден што на нашиот натпревар имаше доста публика. Амбициите на клубот се далеку од шампионски, имаме доста млади ракометари кои беа дел од младинскиот погон на некогашниот тим.  Во фаза сме на формирање и младински и
пионерски школи кои ќе бидат иднина на клубот, тоа е
единствениот пат кој може да не доведе до успехот
– вели тренерот Горан Андоновски.


Пред околу 500 гледачи охриѓани ја забележаа првата победа во прволигашката конкуренција која ќе биде дополнителен потстрег за младата и амбициозна управа на охридскиот клуб.


М.П.