Машкиот и женскиот ракомет во Охрид што се однесува до стручниот кадар имаат светла иднина, откако Билјана Богданова Смилеска со успешен поминат втор модул им се придружи на Филип Јованоски, Наум Бабачев, Атанас Поп-Стефанија и Александра-Сани Џамтоска кои веќе го имаат овој степен во тренерскиот занает.

Богданова-Смилеска втората половина од вториот модул ја помина во Дојран изминатиот викенд заедно со уште 13 тренери помеѓу кои беа Наумче Мојсоски, Раде Стојановиќ, Андријана Будимир…

– Искуството е прекрасно и чувството да се дружиш и разменуваш искуства со ракометари кои биле дел од репрезентацијата е бесценето. Овој семинар ми беше еден од најдобрите, бидејќи се разви дебата како никогаш до сега. – изјави Богданова-Смилеска која како тренер и претседател работи во ЖРК Лихнид.

Следен предизвик за четирите млади тренери е третиот модул, кој, ќе им овозможи да седнат на клупата од некој супелигаш, а палката во Ракометниот клуб Охрид сигурно е остварување на соништата.

Мх.П.