Неговиот син Хеди Рамковски осуден е во отсуство на седум години затвор, колку што добија и Рамадан Ибраими и Нешер Рамиз, додека неговата ќерка Емел Рамковска и неговиот брат Амди Рамковски добија по шест години.
На исто толку осудени се и Жаклина Ѓорѓиевска, Невин Рауф, Зоран Митевски, Славица Маринковска, Рамадан Чичек и Бранко Пишек.
Дарко Перушевски е осуден на казна затвор во траење од 5 години и шест месеци, Ѓулфен Џемаили на пет, Наташа Крстановска и Слободан Пејовски по четири, Жарко Стојановски на три години и шест месеци, додека Анета Кочишки е осудена на казна затвор во траење од две години и три месеци.
Времето поминато притвор се зема во предвид како дел од отслужување на казната. Александар Дамовски е осуден на условна затворска казна од две години, која ќе се активира доколку го повтори делото во наредните четири години.
Ослободителна пресуда добија Јасмин Латифовиќ, Марјан Танчевски и Мухамед Абди.
Во судскиот процес „Пајажина“ беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ за затајување на данок, перење на пари, злосторничко здружување и измама на доверители.
извор: Makfaks