Еден од најзаслужните за десеттата титула на Реал Мадрид во Лигата на Шампиони, Серхио Рамос е пред комплетирање на трансферот во Манчестер Јунајтејд.
Несогласувањата со управата на клубот, односот кон Карло Анчелоти и отказот за италијанскиот стратег и малата плата се причините за заминување на Серхио Рамос од Реал Мадрид.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да го искористат интересот на „кралевите“ за Давид де Геа и да го земат дефанзивецот во размена за голманот.
30-годишниот фудбалер од поодамна рече дека сака да ја проба среќата во друга лига, а по се изгледа Рамос ќе добие таква шанса на Олд Трафорд.
Новиот тренер на Реал Мадрид, Рафа Бенитез веднаш тргна по негова замена и одлука падна на стоперот од Јувентус, Леонардо Бонучи.
Италијанскиот репрезентативец ги освои симпатии на целата светска јавност со пожртвуваната игра во дресот на „старата дама“.
Ohridnews