Судејќи по излгедот во централното градско подрачје, денеска во Охрид видливо беше отстранувањето на рампите од паркинзите. Според претставникот на локалната самоуправа Лидија Апостолоска, ветувањата на градоначалникот Петрески се остварени.
„Неможноста концесионерите соодветно да го организираат начинот на наплаќање, пред неколку дена на кратко беа поставени рампите, кои сега веќе ги нема. Техничките проблеми се решени, а се наплаќа само на улицата „Македонски просветители“. Кај кружниот ток и улицата „Кеј Маршал Тито“, поставени се соодветни сообраќајни знаци кои укажуваат на забраната за паркирање во овој дел од градот.“ – вели Апостолоска.
Инаку, СВР Охрид неодамна од Локалната самоуправа побара да се отстранат рампите во центарот на градот, со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и протокот на возила.
OhridNews