Првичните информации говореа дека тие се отстранети со цел за време на престојните празници да се овозможи побрз проток на автомобили и луѓе во центарот на Охрид, што неодамна беше побарано и од страна на Секторот за внатрешни работи.
Од општинската ВМРО- ДПМНЕ повторното ставање во функција на рампите го коментираат како лажење и манипулација со граѓаните од страна на СДСМ и градоначалникот Александар Петрески.
– СДСМ и Александар Петрески, вообичаено, не успеаја дадениот збор да го одржат ниту еден ден иако кажаа дека согласно мислењата на стручните лица рампите ќе бидат отстранети, изјави претседателот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов .
Од локалната самоуправа најавуваат дека со официјален став околу повторното поставување на рампите ќе излезат во текот на утрешниот ден.
Градоначалникот Александар Петрески неодамна изјави дека за време на новогодишните празници ќе биде воведено зонско паркирање, а по завршувањето на празниците до почетокот на летната сезона паркирањето во централното градско подрачје ќе биде бесплатно, со цел да се увидат проблемите околу паркирањето и наплатата со кои се соочувале во изминатиот период.