Граноначалникот Никола Бакрачески, денес, оствари средба со генералниот директор на турската компанија “РАМСТОР“, Ибрахим Кесемен, на која беа разгледани деталите за свеченото отворање на новиот маркет во Охрид на 12 јуни, во комплексот Летница.


Ова е прва инвестиција на оваа турска компанија со која ќе се отворат триесеттина нови работни места. Во иднина планирано е отворање и на уште седум нови маркети од ланецот на турската компанија “РАМСТОР“ .