Македонската репрезентација во ватерпол, со победа од 16-4 над Турција го започна Европското првенство. Селекторот на “делфините“ Игор Гочанин по натпреварот истакна дека е презадоволен од исходот и залагањето на репрезентативците.

Ќе продолжиме да играме во ваков стил, резултатот е добар а играта е феноменална. Концетрацијата беше на високо ниво, и презадоволен сум од резултатот – посочи селекторот, Гочанин.

Стрелецот на четири погодоци за Македонија, Мирослава Ранџиќ, кој беше иницијална каписла за убедливата победа над Турција потенцираше дека триумфот во воведниот натпревар од ЕП бил од големо значање.

Мечот не започна како што очекувавме, но заврши како што посакувавме. Доминаравме на целиот натпревар, го диктиравме темпото во “базенот“ и задоволни сме со воведната победа на ЕП – рече Ранџиќ.

Македонија во втората рунда ќе се сретне со Грција во Ајндховен, почеток на мечот во 13 часот.

Мх.П.