Кинески уметник предизвика паника кога обесил голи кукли да висат од солитер.
Уметникот од Шангај Лиу Јин поставил четири кукли на кои им ставил крила и на нив пишувало „ранети ангели“.


Но, минувачите тоа не го сфатиле така, им се чинело дека се вистински луѓе кои висат.

На една баба наводно и притребала лекарска помош после шокот од несекојдневниот настан.

Полицијата вели дека примила повеќе повици за луѓе кои се спремаат да скокнат од солитер.

„Кога дојдовме на местото на настанот со пожарникари, сфативме дека тоа се само кукли“, рече портпаролот на полицијата.

Обезбедувањето од еден солитер ги преместиле куклите од јужната на северната страна после жалбите од соседите.