Фудбалерите на Лестер имаат деби од соништата во Лигата на Шампиони, откако нанижаа три победи во првите три мечеви во групната фаза.


Но, и покрај овој учинок менаџерот на „лисиците“, Клаудио Раниери не е задоволен бидејќи клубот не бележи посакувани резултати во Премиер лигата, каде ја бранат титулата сезонава.

– Нормално дека сум задоволен и горд на моите играчи поради победите, но веднаш кога ќе се сетам на табелата од Премиер лигата се лутам и станувам бесен. – рече Италијанецот.


Искусниот стручњак има начин како клубот да го издигне од резултаската криза во Премиер лигата. – Сум се соочувал со вакви предизвици во текот на кариерата. Играчите повеќе се фокусираат на ЛШ и ги занемаруваат мечевите од националното првенство. Тоа многу брзо ќе го промениме затоа што имаме добар исход во ЛШ. Наш приоритет и сезонава останува што повисок пласман на табелата во Премиер лигата.

Со осум бодови од осум мечеви Лестер се наоѓа на 12-та позиција во Премиер лигата додека во ЛШ со девет бодови е лидер во Г групата.

ЛШ: Европската бајка на Лестер продолжува, „кралевите“ убедливи (видео) 

OhridNews