Искусниот стручњак Клаудио Раниери подготвен е да ја одбие понудата од италијанската репрезентација поради Лестер кој цврсто веруваше во неговите квалитети.
„Азурите“ по Европското првенство во Франција најверојатно ќе останат без селекторот Антонио Конте кој ќе го преземе кормилото во Челси.
– Последен пат бев селектор во Грција и работите не одеа во правец во кој јас посакував. Пишувањата околу мене за селектор на Италија се шпекулации, но сепак сакам да кажам дека фокусиран сум на Лестер. – рече Раниери.
Екипата на Лестер со Раниери на менаџерската функција го предводи орото на табелата во Премиер лигата и се на добар пат да ја освојат титулата.
OhridNews











