Од ден на ден во јавноста протекуваат вести од соблекувалната на Лестер кој е лидер на табелата во Премиер лигата со седум бодови предност од Тотенхем.
Најдобриот стрелец во екипата со 21 погодок Џејмс Варди откри дека менаџерот Клаудио Раниери му забранува да тренира.
– Кога има шутерски тренинг јас не сум дел од него. Тогаш менаџерот ми дава слободно време со образложение дека треба да се штедам и да не се трошам. Прво ми беше чудно да не бидам дел од тој тренинг, но со тек на времето навикнав. – изјави Џејмс Варди.
Англискиот репрезентативец исто така откри дека имаат телепатска врска со Дени Дринквотер кој кариерата ја има започнато во Манчестер Јунајтед.
– Дени секогаш знае каде се наоѓам и без гледање ми додава. Исто така и јас знам каде тој ќе додаде. Она што го имаме ние двајца неможе да го има секој. – додаде Варди.
OhridNews