Италијанскиот стручњак Клаудио Раниери кој неполна година после освојувањето на титулата со Лестер во Премиер лигата доби отказ од клубот кој го шокираше и разочара целиот фудбалски свет.


Покрај соопштението, Раниери до ден денес не прозбори во јавноста за отказот од клубот кој му беше врачен после поразот од Севиља (2-1) во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. Раниери не верува во задкулисни игри од фудбалерите, но се сомнева на работа зад грб од другите структури во клубот.

– Не можам да поверувам дека моите играчи ме „убија“ на некој начин, едноставно не можам. Можеби некој друг ми работел зад грб, но во играчите не можам да се посомневам никако. Имавме проблеми и минатата сезона, но со време ги остранивме и освоивме титулата која сите ја сонувавме. – Натпреварот со Севиља во ЛШ го сметав како можност за пресврт, но се случи спротивното јас после тој натпревар добив отказ кој ме шокираше мене и многу луѓе во фудбалот. – рече Раниери кој гостуваше во емисијата на „Скај спорт“ која е посветена за мечевите од Премиер лигата.

Поддршката од навивачите за Раниери после разделувањето со Лестер не се намалила и била иста како во сезоната кога ја освоија титулата.

– Тоа вистина беше неверојатно, бидејќи не очекував такво нешто. Сакав тивко да заминам како што и дојдов, но навивачите кои цел живот ќе се во моето срце ми приредија да се чувствувам горд и да заминам со исправена глава. – потенцираше Раниери.

Италијанецот доби неколку понуди за враќање во фудбалот, но се уште нема одлучено како и што понатаму.

OhridNews