Со триумфот над Манчестер Сити фудбалерите на Лестер во последната третина од Премеир лигата ќе стартуваат со пет бодови предност од Тотенхем и Арсенал и шест од „граѓаните“.
До сега „лисиците“ одлично се справија со секој предизвик во Премиер лигата и се наоѓаат во пол позиција во трката за титулата.
– На почетокот од сезоната притисокот врз нас беше да опстанеме во лигата, но сега кога веќе се наоѓаме во ваква ситуација притисокот е на оние екипи кои потрошија милиони за нови фудбалери. Притисикот моментално е наш пријател бидејќи го нема во нашиот состав. До крајот на шампионатот важно е да останеме скоцентрирани и црвсто на земја бидејќи овие играчи прв прават „посебни“ работи. – рече Клаудио Раниери.
Неговите избраници нов шампионски испит ќе имаат на Емирати каде ќе ги одмерат силите со екипата на Арсенал.
OhridNews











