Пулените на Славен Билиќ ја прекинаа победничката серија на Лестер ремизирајќи 2-2 на „Кинг Пауер“ стадионот во 33-та рунда од Премиер лигата. „Лисиците“ од пораз го спаси Уљоа кој во судиското продолжение прецизно биеше од белата точка.
– Не сум воопшто загрижен за ремито. Таков е фудбалот. За 5-10 минути можат многу работи да се променат, а и сами видовме како може да се случи тоа. – рече Клаудио Раниери и додаде. – Немаме притисок бидејќи од нас се бараше опстанок во Премиер лигата, а ние се бориме за титулата. Сега, моментално уживаме затоа што се уште работите ги држиме во свои раце.
Лидерот на табелата Лестер има осум бодови пред Тотенхем кој пак има меч за одигрување со Стоук. – Ние ќе се насочиме само кон нашите мечеви и противници. Ако на крајот Тотенхем биде пред нас на табелата тоа значи дека се подобри од нас, нешто што не е случај сега. – заврши Раниери.
Лестер во четирите преостанати натпревари во Премиер лигата ќе се сретне со Свонси и Евертон на домашен односно со Манчестер Јунајтед и Челси на гостински терен.
Лисиците извлекоа реми (видео)
OhridNews