Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери сериозно го опомена Ријад Марез по мечот со Норвич кој „лисиците“ го добија (1-0) со погодокот на Леонардо Уљоа во 90-та минута.


Италијанскиот стручњак не е задоволен од играта и ангажираноста на Марез кој го сврте вниманието врз себе со одличните перформанси сезонава во Премиер лигата.

– Сакам да тренирам и водам играчи кои посакуваат да останат во овој клуб. Не сакам да бидат само присутни него и со мислите. Ако планира Марез да не напушти треба да ни го каже тоа, но и да продолжи со игрите како до сега. Нема намера ниту еден фудбалер кој сака да замине да го задржам, затоа почитувам искреност. – рече Раниери.

После победата над „канаринците“ екипата на Лестер одново се одлепи на пет бодови од Тотенхем и Арсенал кои имаат натпревар помалку.

OhridNews