Со три погодоци во два натпревари за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, Ентони Марсијал и се престави на светската фудбалска јавност.
Во негов успех иако е само почеток на неговата кариера верува менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери кој во Монако работеше со Марсијал.
– Неговата кариера во Манчестер и Премиер лигата тргна по вистинскиот пат бидејќи успеа да постигне погодоци во првите натпревари и да го тргне притисокот од своите рамена. Верувам во негов успех бидејќи тој сака да игра фудбал и не се плаши да преземе никаква одговорност. – рече Раниери.
Италијанскиот стручњак Марсијал во Монако го донесе од Лион за 5 милиони евра, а ако Французинот го покаже сиот свој потенцијал на Олд Трафорд неговиот клуб ќе заработи неверојатни 80 милиони од целиот трансфер.
Ohridnews











