Тенискиот турнир на Олимписките игри ќе биде сиромашен за вицешампионот од Вимболдон, Милош Раониќ и вицешампионката од Ролан Гарос, Симона Халеп.


Канаѓанецот односно Романката официјалното повлекување од Олимпијадата го направија поради вирусот „Зика“ кој моментално владее во бразилската земја.

– Со тешко срце соопштувам дека нема да учествувам на Олимписките игри во Рио. После бројни разговори со тренерите и фамилијата, донесов одлука да не одам од здраствени причини. Ова беше тешка, но лична одлука и не сакам да влијае на било кој спортист понатаму. – рече Раониќ.

Петтата тенисерска на ВТА листата, Халеп даде свое видување за повлекувањето. – Фамилијата ми е најважна и неможам да ризикувам. Сакам и јас да засновам фамилија, а за тоа треба да бидам 100% здрава.

Олимпијадата во Рио започнува на 5 август, а ќе трае до 21 август.

OhridNews