Милош Раониќ ќе му биде противник на Енди Мари во полуфиналето на Австралија Опен, откако во четвртфиналето славеше над Гаел Монфис со 3:1 (6:3, 3:6, 6:3, 6:4). Полуфиналето во Мелбурн е второ за Раониќ на некој од Грен слем турнирите, откако пред две години играше во полуфиналето на Вимблдон.

Канадскиот тенисер, кој е роден во Подгорица, против Монфис одигра мирно, без притисок, ја диктираше играта и сосема заслужено го порази луцидниот Монфис, кој повоторно одигра неколку спектакуларни поени.

Мари до триумфот над упорниот Шпанец стигна во четири сета (6:3, 6:7, 6:2, 6:3) по 199 минути игра. Еден брејк му беше доволен на Британецт да го добие првиот сет. Во вториот се водеше голема борба, двајцата имаа можност за брејк, откако не го сторија тоа се влезе во тај брејк, во кој пресуди подобрата концентрација на Ферер, кој израмни на 1:1 во сетови. Третиот и четвртиот сет во целост му припаднаа на Мари, кој доминираше на теренот и заслужено се пласираше во полуфиналето.

Раониќ и Мари својот полуфинален меч ќе го одиграат в петок, од 9:30 часот по средноевропско време. Ден претходно, во истиот термин, во првото полуфинале ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

OhridNews