Почеток од соништата на “зелените“ од Виена кои со убедливи 5-0 го совладаа Риед во првиот меч од новата сезона во Бундеслигата. Meчот против Риед беше првиот официјален натпревар за Рапид на новиот „Алианц стадион“.
Новиот стадион беше изграден за две години, на место на стариот “Ст. Ханапи стадион“ кој беше во употреба од 1977 до 2014 година, во населбата „Хутелдорф“ во западниот дел на Виена. „Алианц“ има капацитет од 28 илјади гледачи за мечевите во домашниот шампионат, додека 24 илајди за мечевите во Европа.
Преку 50 милиони евра се вложени во стадионот во кој покрај подобрување на теренот, направени се измени на комплетната инфраструктура во стадионот. „Не чепнат“ остана музеумот “Рапидеум“, како и “Фан шоп центарот“ кои се во склоп на стадионот.
Стадионот е од Уефа ранг 4 и на него може да се играат сите мечеви во организција на Уефа.
OhridNews